Трета фаза од проектот на ACES – Нови искуства и вечни пријателства

Во периодот од 7-10 Март 2013 година учениците од ОУ.„Кузман Јосифоски –Питу „-Кичево беа гости во соседна Р.Србија .

ОУ.„Свети Сава „-Пирот Р.Србија беше домаќин и организатор на третата фаза од проектот финансиран од ACES односно од Ерсте фондацијата кој го носи името „Заедно ја избираме и креираме својата иднина„ .Овој проект е поврзан со медиумската писменост а се реализираше од страна на три партнер училишта од Македонија,Србија и Хрватска.Меѓународната соработка започна минатата година во месец Октомври во Кичево Р.Македонија кога двете училишта „Свети Сава„-Пирот Р.Србија и „Белица„-Белица Р.Хрватска беа гости на ОУ.„Кузман Јосифоски –Питу„-Кичево.Запознавајќи се со медиумите и начините  на кои тие се перцепираат учениците за време на оваа средба се подготвија за втората фаза од проектот која започна веднаш по средбата во Македонија.Во втората фаза се изработија продуктите од проектот :филм,видео игра,реклама,весник ,анкета и блог .

Од 3-10 Март се реализираше и третата фаза со што успешно  се заокружи проектот кој ќе биде претставен на АЦЕС Академијата во Сенец  Словачка  во периодот од 9-12 Април 2013 година.Во оваа фаза проектот беше презентиран пред српските медиуми односно на тв станиците,радио-станиците и весниците во Пирот и пошироко во Р.Србија.Учениците имаа можност да гостуваат во тв и радио-емисии и да ги споделат своите искуства и впечатоци од проектот пред пошироката јавност.

Со традиционална српска трпеза и културно уметничка програма подготвена од страна на домаќините започна средбата на партнер училиштата во Пирот.Топло добредојде им посака директорот на училиштето г-дин.Љубиша Ѓориќ и птерставникот  од МОН на Р.Србија. Поделени во групи следната ден учениците ја посетија ТВ.Пирот и ТВ Пи каде имаа можност да гостуваат во емисии од образовен карактер и да ги споделат своите искуства.Се гостуваше и во локалниот весник и локалната радио-станица.Учениците имаа можност да ја посетат и Издавачката куќа и печатница „Пи„каде се запознаа со најновите методи и начини на печатење на книги .Со  ова тие беа во можност да направат мала споредба со она што го видоа во Охрид  односно во „Националната работилница за рачна изработка на хартија „ и тука.

Дружењето продолжи и на еднодневната екскурзија во Ниш каде гостите имаа можност да се запознаат со историјата на овој град и со неговите културно-историски знаменитости.Топлите поздрави ,детските насмевки,и солзите во нивните очи пред завршувањето на средбата беа сведоци за нераскинливата врска која се создаде помеѓу нив во текот на проектот.Освен што се здобија со знаења и вештини поврзани со медиумската писменост учениците од трите држави создадоа пријателства кои можеби ќе траат и цел живот.Целта на ACES е токму таа :да се создадат пријателства и да се запознаваат културите и традициите помеѓу европските држави преку нови начини на учење и спроведување на најразлични техники и методи.И оваа година ACES ќе финансира 44 проекти од цела Европа кои ќе ги достават своите апликации до крајот на месец Април .Темата за оваа година е „Јас  и другите-откривање на разликите во и околу мене„.

„Велат дека успех постигнал оној кој работел добро,се смеел често и сакал многу.Во текот на овој проект сите ние го правевме токму тоа.Се сакавме,се смеевме,и напорно работевме.Се гордееме со плодовите и успехот од нашиот труд и се надеваме дека во иднина повторно ќе соработуваме и ќе ја создаваме нашата иднина со љубов,истрајност и насмевки.Тајната на успехот е човекот да го сака она што го работи.Без разлика какви се условите во кои работиме љубовта кон учениците и нивната среќа треба да не води напред кон нови успеси .Нашите ученици имаат потенцијал ние сме тие кои треба да го препознаеме и да го трасираме нивниот пат .„-истакна координаторот на проектот г-ѓа Елизабета Арсоска од ОУ.„Кузман Јосифоски-Питу.

Exit mobile version