Пејачката Адел урива рекорди

Пејачката Адел со својот успешен албум „21“ урна седум досегашни светски рекорди. Таа е прва пејачка, прва британска музичка ѕвезда и прв изведувач, кој во рекорден рок достигна милион продадени песни-албуми по дигитален пат.

Автор е на најпродаваната „дигитална песна“ во САД и Велика Британија во 2011 година (Rolling in the Deep), а „21“ е најпродаваниот дигитален албум и во САД и во Велика Британија.

Кога станува збор за целокупна продажба на песни и албуми, Ријана има поставено светски рекорд. Таа во текот на својата кариера продала повеќе од 47 милиони копии од своите песни и тоа само во САД.

Албумот на Лејди Гага „Born This Way“ е најбрзо продаван американски албум по дигитален пат, бидејќи во текот на првата недела е продаден во 1,1 милион примероции. Групата „One Direction“ стана првата британска група чиј деби албум „Up All Night“ веднаш се искачи на првото место на албуми во САД.

Сепак, рекордот, кога се во прашање и машките и женските изведувачи, засега го држи Мајкл Џексон, по чија смрт дури 28 негови хитови се најдоа на британската листа на 100 најпродавани песни.