Министерот Адеми во работна посета на општина Кичево

Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска во рамки на работната посета на Кичево се сретна со градоначалникот Фатмир Дехари.

На средбата министерот Адеми го запознал градоначалникот Дехари за проектите кои се предвидени за Кичево односно за за водоснабдувањето на Зајас и околните места и подобрување на канализацијата на самото градско подрачје, како и предвидента изградба на пречистителна станица.

Адеми најави дека се размислува и во првец на дислокација на градската депонија, но засега, подвлече, не е најдено соодветно место.

Градоначалникот Дехари изрази задовоство од соработката што ја имал во предходниот период со ресорното Министерство и оптимизем за уште потесна соработка во иднина.

Министерот Адеми и градоначалникот Дехари беа и во обиколка на градската депонија која преставува голем проблем за општина Кичево.