Ликовниот уметник Агрон Салиу со изложба во Кичево

Со своја самостојна изложба во четврток (20 ноември 2014) пред кичевчани ќе се претстави младиот академскиот сликар Агрон Салиу. Ова е прва негова изложба во нашиот град. Изложбата ќе се одржи во Н.У. Центар за култура „Кочо Рацин” – Кичево, со почеток од 20.00 часот.

Агрон Салиу роден e 1984 год. вo Teтoвo, дипломирал нa Тeтoвскиот Универзитет, факултет за Ликовна Уметност отсек сликарство во класата на проф. Илиријан Беќири. Зад себе има значаен број на самостојни изложби, како во Македонија, така и надвор, во Париз, Берлин и Сараево.