Голема акција за чистење на Кичево, вклучете се

Во сабота Општина Кичево и ЈП Комуналец ќе му се придружи на проектот „Ајде Македонија“ и ќе организира акција за чистење, која ќе се одвива низ целиот град.

„Жолтото е зелено“ ќе биде мотото на акцијата и, како што најавуваат од Општината, целата администрација ќе се приклучи кон акцијата, почнувајќи од 8 часот до 16 часот.

На акцијата ќе ѝ се приклучат и училиштата и претпријатијата од Кичево, кои ќе бидат поделени во групи, со цел да се опфати целата територија на општината.