Анџелина Џоли размислува за политичка кариера

 

Во интервју за „Венити фер“, Анџелина Џоли, чија фотографија е на насловната страна на последниот број на ова модно списание, објасни дека работејќи како амбасадор во УНХЦР, сфатила дека политиката треба да ја гледа како нејзина идна опција.

– Ако сакате да направите некоја промена, тогаш имате одговорност, вели таа во интервјуто. – Искрено не би знаела да кажам во кој дел би била најкорисна, додава 39-годишната Оскаровка, наведувајќи дека работењето на филм би и претставувало пречка.

Во интервјуто за познатото списание, Џоли го коментира и бракот со Бред Пит, со кој се венча лани во август, по долгогодишното заедничко живеење.

– Навистина тоа е поинакво чувство. Тоа е убаво чувство, изјавува таа, откривајќи дека нивните шест деца го напишале текстот на нивната венчална заклетва, која таа и Пит ја прочитале на нивнат венчавка.

Џоли, исто така, говори за нејзиното најново остварување во „Unboken“, приказна за животот на Луи Замперини, поранешен полицаец и воен херој, кој неодамна почина на 97-годишна возратс и со кој се спријателила во текот на снимањето на филмот.

– Беше тоа многу потресно искуство, додава актерката, која во овој фил повторно застана зад камерите.

Exit mobile version