Кичевчанката која го дизајнираше парфемот за британската кралица

Британката Ангела Ставреска, по мајка кичевчанка од фамилијата Новески, една од дизајнерките на најпрестижниот парфем што специјално беше изработен за кралицата Елизабета Втора.

Овој парфем го создаде Кралското хемиско друштво за кралицата Елизабета Втора како Божикен подарок, во годината кога таа го слави дијамaнтскиот јубилеј, а Ангела е еден од креаторите.

Мирисот на парфемот наречен „Адамс“ што во превод значи дијамант, го опишуваат како класичен мирис со модерни елементи. Toj никогаш нема да и биде достапен на јавноста и ќе се произведува само за потребите на кралицата.

„Адамс“ ќе и биде подарен на кралицата Елизабета Втора за Божиќ.

Воедно, Ангела е креативен директор на парфимерската куќа ЦПЛ Аромас. Зад себе има многу признанија,а најдраг и е првиот златен медал кој го заработила на првиот фестивал на цвеќиња „Chelsea Flower Show“ најпознатата и најпосетена манифестација за градини во светот.

Таа е мажена за успешниот архитект од Охрид, Александар Ставрески. Влезе во листата: „Зошто вредиТ да си од Кичево