АНКЕТА: Дали на Кичево му е потребно зонско паркирање во текот на летото?

Во текот на летниот период, осеобено помеѓу 1-ви јули и 1-ви септември интензитетот на сообраќај на кичевските улици се зголемува за неколку пати, поради што во голема мера е отежнато движењето низ централното градско подрачје. Безмалку секој овој период вози автомобил.

Ваквата ситуација во голема мера негативно влијае врз оние кои живеат во центарот на градот, граѓаните кои имаат потреба да завршат некоја работа и особено врз случаите каде има потреба да интервенира итната медицинска помош која неретко заглавува во сообраќајниот хаос.

Особено алармантна е ситуацијата по булеварот „Ослободување“ и Александар Македонски (поранешна Маршал Тито).

Оваа ситуација поттикна на размислување дали на поедини делови на градот му е потребно зонско паркирање во ударниот период од годината кога интензитето на сообраќајот е најголем, во месеците јули и август. Од обврската да плаќаат зонско паркирање би биле исклучени сите жители кои живеат во бележените зони со издавање на специјална лепенка. Ослободени би биле и вработените кои работат во ова подрачје.

Придобивките од воведувањето на оваа мерка во текот на јули и август првично би биле воведување на делумно поголем ред во сообраќајот и намалување на сообраќајниот хаос и зголемени приходи во градската каса.

Зонското паркирање би било поделено на 2 зони, Зона 1 и Зона 2. Зоната 1 ги опфаќа најкритичните улици каде се создаваат застои во сообраќајот. Цената за час не би требало да биде повисока од 30 денари за час во Зона1 и 15-20 денари од час во Зона 2. Зонското паркирање би важело помеѓу 08:00 часот наутро па се до 23:00 часот навечер кога и интензитетот на сообраќај е најголем.

На сликата подолу е претставена замислата за воведување на зонското паркирање:

Со црвена боја се обележани улиците на кои би важело зонското паркирање. Кликни на сликата за подобра резолуција

Зонското паркирање даде позитивни резулати во повеќе градови низ Македонија. Дали мислите дека е време да се воведе и во Кичево? Гласајте на анкетата:

Дали на Кичево му е потребно зонско паркирање во текот на летото?

 Loading ...

 

Exit mobile version