Асфалтирани 14 улици во Македонски Брод

 Со програмата на Општината Македонски Брод за годинава, деновиве во ова гратче на реката Треска се вршат интензивни инфраструктурни зафати.
Асфалтирани се дури 14 улици , на кои се поставени и нови рабници и тротоари  со бехатон плочки ,или асвалтирана е вкупна површина од 20.000 квадратни метри. Средствата за оваа намена се исклучиво од локалниот буџет, а изнесуваат 21 милион денари.
-Со средства од општината во износ од 21 милион денари, комплетно се завршени дури 14 улици. Покрај тоа што добија нов асвалт, на ови улици ставени се нови рабници и тротоари со бекатон плочки. Но најважно е што на истите е поставена фекална и атмосверска канализација и овие улици на подолг рок ќе одговорат на потребите на граѓаните. Општината во следната година планира асфалт да добијат и останатите улици во Брод и повеќето селски населби во општината- рече Милосим Војнески, градоначалникот на Македонски Брод.
Зоран Антоски