Вака ќе изгледа новиот Аtva Kitchen & Bar ресторан (ВИДЕО + ФОТО)
Објектот ќе биде во склоп на Atva Residence Hotel и ќе биде опремен во ултра модерен стил, следејќи ги најновите трендови во ентериерното уредување. Главна цел е комбинација на прекрасна природа, надополнета во современ уникатен простор за максимално уживање на посетителите.
Предвидено е објектот да располага со затворен дел и летна тераса позиционирана веднаш до река. Ресторанот ќе биде отворен секој ден, преку целата година.