Автомобил излета од патот Кичево-Охрид, возачот тешко повреден

Сообраќајна несреќа во која едно лице е тешко повредено се случила вчера околу 16,30 на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Издеглавје.

-Патничко моторно возило „Фиат“ со гостиварски регистерски таблици управувано од Р.А. (58) од Гостивар, излетало од патот.  Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот кој бил пренесен во Општата болница во Охрид и истиот бил во животна опасност, информираат од МВР.

На местото на настанот извршен бил увид од страна на увидна екипа од Полициската станица Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Exit mobile version