Се работи со полна пареа на изградбата на автопатот Кичево – Охрид (ФОТО)

Изградбата на модерниот автопат Кичево – Охрид кој е дел од Коридор 8 влегува во полна пареа. Во моментот се изведуваат работи на пробивање на трасата. Оваа автопатска делница треба да биде готова за 2 години. Изградбата на овој модерен автопат и тоа како ќе придонесе за развој на локалната економија бидејќи со комплетирањето на овој коридорот ќе се олесни пристапот до пристаништата во Албанија и во Бугарија (со изградба на делницата Кичево – Гостивар).

Ова е најголемиот инфраструктурен проект кој досега започнал да се реализира во Кичево.

ФОТО: Давор Богданоски