Во Кичево презентиран проект за влијанието врз животната средина со изградбата на автопатот А2

Во Кичево денеска беше презентиран проект за влијанието врз животната средина со изградбата на автопатот А2 што ќе ги опфати општините Кичево, Дебарца и Охрид, во должина од 57 километри.

Јоже Јованоски, советник во Јавното претпријатие за државни патишта задолжен за животните средина информира дека денеска во Кичево е претставена студијата за оценка на влијанието врз животната средина што ќе го има изградбата на автопатот А2, која  сите заинтересирани лица ќе можат да ја погледнат на веб страницата на Јавното претпријатие во наредните 30 дена.

Exit mobile version