Автопатот Кичево – Гостивар да се гради со средства од ЕБОР

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) се јавува како едно од можните решенија за финансирање на автопатската делница од Кичево до Гостивар кој треба да се гради во иднина, како дел од Коридор 8. За ова било зборувано помеѓу Македонскиот министер за финансии, Драган Тевдовски и претставници на ЕБОР на Годишните средби кои се одржуваат во Јордан.

ЕБОР се заинтересирани за финансирање на неколку проекти во Македонија и постои можност за доделување на грант средства за изведување на дел од градежните работи за автопатот Гостивар-Кичево. Грантот би се однесувал за дел од изградбата на првата делница од автопатот, односно делницата Букојчани – Кичево во должина од 12 километри. 

ЕБОР се јавува и како опција за можен финансиер за реконструкција на пругата Скопје – Кичево.