Автосамитот на кичевската „Монца” може да почне

Откако денес со специјални возила за транспорт на тркачки автомобили , странците пристигнаа во Кичево, а тука се и домашните возачи, авто-самитот на кичевската „Монца “може да почне.

Денес на програмата со почеток во 16 часот се двата неофицијални тренизи. Утре и во недела трките стартуваат во 13 часот. Автомобилите ќе бидат групирани во три дивизии. Во недела со почеток во 10 и 30 часот е свеченото отворање на натпреварот , на кое ќе учествуваат 40 странски и 20 домашни возачи. Ова е најголемиот автомобилски настан од самостојноста на земјава. Возачи пристигнаа од Србија, Црна Гора, Косово, Бугарија и земјата домаќин Македонија.

Текст и фото: Зоран Антоски