Balkan Technology Match на 7 и 8 јуни во Скопје

Enterprise Europe Network во Македонија ги поканува сите компании кои работат во областа на информациско комуникациските технологии да ја искористат можноста и да воспостават соработка со успешни компании од регионот на „Balkan Technology Match“ – дводневна конференција која ќе се одржи на 7 и 8 јуни во просториите на Стопанската Комора на Македонија во Скопје.

Богатата агенда на конференцијата ќе им овозможи на македонските компании од областа на информациско комуникациските технологии да воспостават соработка со компании од повеќе европски земји со цел проширување на своите активности и освојување нови пазари. Компаниите ќе имаат можност преку креирање на сопствен профил за соработка да закажат б2б средби со компании за потенцијална соработка. Исто така, настанот нуди можност иновативни компании како и потенцијални претприемачи со иновативна идеја да се презентираат пред акцелератор фондови со цел обезбедување финансиски средства за реализација на проектот.

На настанот се очекуваат компании од повеќе европски земји вклучувајќи ги Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Црна Гора, Чешка, Полска, Босна и Херцеговина, Романија, Словенија, Хрватска и др.

Сите заинтересирани компании кои имаат намера да учествуваат треба да се пријават тука, најдоцна до 27 мај.

Учеството на настанот не се наплаќа.