Кичевчанецот Благојче Наумоски ќе изложува во Њујорк
Ликовниот уметник Благојче Наумоски-Бане по новогодишните празници ќе го има своето прво самостојно претставување во Њујорк, во галеријата МЦ.
– Ова ќе биде мое прво претставување во Њујорк, градот каде што уметноста има најголем број приврзаници од цел свет. Во САД ќе ја промовирам ликовната книга-објект „Скици за осврт во неколку концепти“. Паралелно со претставувањето на оваа инсталација, премиерно ќе биде промовиран и мојот краткометражен филм „Барајќи го човекот“. Така што по Берлин, каде што гостував пред нецели две години, Њујорк ќе биде мојот втор и најголем меѓународен предизвик – вели Наумоски.
Зоран Антоски
Извор: Нова Македонија