Бензински крадат на гориво и продаваат бензин мешан со вода

Бензинските пумпи на големо ги краделе и ги труеле граѓаните во Македонија. Не само што им точеле помали количества гориво, а наплаќале повеќе, туку продавале и неквалитетни деривати со големо количество вода и сулфур, неколку пати над дозволените граници, пишува денешен „Дневник“.

Спроведените контроли на пазарниот инспекторат спроведени во Радовиш, Струмица, Тетово, Гостивар и во Валандово покажуваат дека, бензинските пумпи наплаќале десет литри гориво, а точеле девет или осум, додавале вода во дизел-горивата или продавале 98-октанско гориво кое имало само деведесет и четири октани.

Kазните се енормно високи и се движат од три до пет илјади евра, а освен сопственикот, казна ќе плаќаат и одговорното лице, но и пумпашот кој се нашол на местото, односно кој го точел горивото дента кога се земени мострите за испитување. Доколку се утврди дека местото на точење „краде“ гориво, тогаш тоа веднаш се става надвор од употреба, пишува „Дневник“.

– Анализите покажаа дека во бензинот има многу помалку октани од таа која е декларирана. На пример, ако се продава гориво од 98 октани во него имало 94 октани, во дизел-горивата имало вода, а количеството сулфур е многу поголеми од дозволеното. Kонтролите ќе продолжат с` додека не се исконтролира и последната пумпа во државата – вели за весникот директорката на Пазарниот инспекторат Елизабета  Чингаровска.

Освен правното лице, казна  плаќа и одговорното лице и тоа од 700 до 1.000 евра. Не е поштеден дури и работникот кој точел гориво. За него, според законот е предвидена казна од 300 до 500 евра.

Контролата на Пазарниот инспекторат во споменатите градови покажува дека неселективно се пристапува кон сите оние кои не го почитуваат законот. Доказ за тоа се и контролите на УЈП и Пазарниот инспекторат изминативе денови во повеќе градови каде беа затворени голем број на објекти поради непочитување на Законот за заштита од пушење и неиздавање на фискални сметки.

Веројатно Кичево не е исклучок зошто луѓето наголемо зборуваат со слични случаи (и на крадење и на неквалитетно гориво помешано со вода) со кои се соочиле. Овој случај трае со години.

Exit mobile version