Преданија: Колку је стар и какво му је потеклото на манастирот Св. Јован Бигорски

Немајет многу писмени трагови ниту пак некакви преданија ни за старосва, ни за потеклово на овја манастир. Ако се судит по иконана Св. Јованова тога је од прва половина на 10 век и овеја је многу за верување. Зашчо во тије времиња паѓат и работањето на учениците Св. Ќирилови и Методијови, тога скоро било и Самуиловото македонско царство, а тога е створена и славната Охридска архијепископија, која трајала околу 800 години. Во тије времиња требет, или нешчо понапред, и народов мијачки да је доселен и заселен.

Во народов се споменат некаков Јован, некаков Владимир, нечији књазови, али нешчо одредено не се знојет. Белки би требало по овја траг да се дирит. Али немат никаков изглед да је овја манастир нечија задужбина, зашчо је створен преди да се појавит вамо Немањиќи и зашчо немајет остатоци од некоја стара црква. Се шо је – народов го имат сам подигнато.

По кажување манастирот Св. Јован Бигорски бил соѕидан негде близу до Охрид околу 1020 година. Овја датум го носит и иконава Св. Јованова. Манастиров се требет да је преселен овде коде шо го гледаме денеска.

Некоји верувајет да је иконава сама дојдена отоде, а други пак ушче поцврсто верувајет да ја имат донесено некој Јован (или Иван), еден од 70-те ученици Св. Климентови и Наумови и да тој сам бил од село Битуше. Иконава је оставил на овеја место и тује отпочнал зиздање. Овеја друго тврдење је повише за верување.

За црквицана мала што је созиздана во крастана (стена) постојит натпис – 1867 година. Инаку иконата шо је внотра сосе је пропадната. Останата је само гнила шчица и нишчо друго. Может во оваја црквица да је чувана и главнава икона дур не је созиздан првијот некогашем храм. Инаку во оваја црквица се пристапуват со многу голема побожност и со голема чест.

Преданије кажуват, и овеја је многу за верување: Да је малава икона во малава црквица дојдена од Ростуше, кога црквата Ростушка е претворена во жамија, а иконава је спасена и закријена и попосле донесена во оваја црквица. Оваа икона је Успеније. А и црквата или манастирот стар во Ростуше бил Богородичино Успеније.

Постојит некакво преданије дека во Ростуше постојала некаква црква или манастир Успеније со големи конаци од 70 одаји. Вистина је дека таков храм постојал и дека је после претворен во жамија, а од лани на истото место имаме црква. Али при копањето не се најдени никакви темели шо би покажувале да постојало нешчо друго и големо. Белки би требало да се копат поглобоко и понаоколу. Предањето кажуват да се спушчил и улизнал некаков брег и да ја затрупал зградата. Может, се может. Толку овеќе шо је местоно брежно. Покрај овеја, требет да се имат на ум и да је Ростуше едно од најстарите села и да со Битуше заземат најубав положај. Ако се додајет на овеја и верување да постоји и некој Јован од Битуше, еден од 70-те ученици Свети Климентови и Наумови, тога многу се засилуват и верувањето да постојал и некаков манастир. По исламизирањето на Ростуше, судбината му се знојет. Во потврда на овеја идет и преданије народно за попот ростушки шо се исламизирал прв и кому му и турил черевата војвода Мијо на место на Туричерева, близу до Лазорополе.

За мене шо не су никаков археолог, ни византолог, ни иконограф, а знојеќи коде је Охрид и коде је манастирот Бигор, знојеќи шо бил тога Охрид во време на Св. Климента и во време на Самоиловото царство, нишчо повеќе не ми требет за да заверува да је овеја и овакво потеклово за нашијов прастар и знаменит Св. Јован. Зар не је доста и самијон датум и самијон живопис на иконана? Кој је тој лудак шо ќа помислит на некаков фалсификат? А побожноста наша зар и таја не је други доказ за староста и знаменитоста на оваја обител?

Шо је поприродно отколи да је иконава Св. Јованова, за да се спасит, пренесена од Охрид коде нас, кога знојеме али тога биле и лути борби меѓу византискијот цар Василија втори и Јована Владислава, наследникот Самуилов?

А другијов Јован, зашчо да не могол да бидет еден од стотници ученици Св. Климентови?

Две опасности имат пртеживеано манастирот Св. Јован Бигорски

Имат преданија во народов да манастирот Св. Јован преживеал две опасности: една да бидет уништен, а друга да бидет претворен во турско теќе. Која била понапред и кога, не се знојет убаво, ниту се знојет и со чија заслуга је останат. За спасувањето да не бидит претворен во теќе, по народно кажување, заслуга имат некој виден човек и чорбажија од село Стрезимир во Горна Река, кој бил фурнажија во Стамбол и имал пријателство со мајка му на султан-Азизова.

Кога виделе нашиве пратеници шо наумил некој силник и паша деборски се собрале во Галичник ожалостени, загрижени и уплашени да скајет некоје чаре и се сетиле преку тој стрезимирец да се поплачет цару.

Шо намислиле, теја и направиле и го известиле.

Овја се ујадил многу и неколку време прекинал да ја посетуват старава султанија. Повикан од неја, овја је се извинил и је кажал и објаснил себапот (причина) и со с’лзи ја замолил да го замолит сина си Азиса да ја спречит оваја нестреќа. Султан Азис ја уважил молбава мајкина му, али плашејќи се од побуна и лоши последици, ако употребит сила, употребил лукавство и му пратил еден пакет ѓоа некаков дар, а во него бил некаков експлозив и во отворувањето силников погинал.

Така велит преданијево народно и ја во него верува. Пак исто, али мрва поинакво, преданије велит:

Пред 550 години на овја манастир нападнал некој бег од Дебор кому не се знојет името, со нијет да го претворит во теќе или да го запалит. Дошол на манастир али преданијето велит да му се случила една нестреќа. Имено, по дојдувањето негово у манастиров и кога се готвел да го сторит теја шо намислил, му дојдуват еден суварија (жандарм на коњ) пратен од Друз (Драч) и му дават на бегов една запечатена кутија ѓоа некаков дар за бегов. Кога ја отворил кутијава, таја пукнала и бегот погинал. Лешот негов со многу салтанатлак пренесен је во Дебор и закопан, а манастиров спасен.

Оваја опасност требет да била многу поскорешна, околу пред 150 години, а првата за унишчувањето требет да била понапред, за време кога је вршено исламизирањето на сине села по Радика.

Меѓу исламизираниве наши останата је оваја негова смрт да се прикажуват и да се опоменуват и плашит, бидејеќи да је постреде казна Божја, зашчо бегот сакал да разрушит ваков храм Божји.

Нека је фала и чест и слава на сите дедовци и предедовци шо ја крепеле, чувале и дочувале оваја Св. Обител, со која можеме со бел образ да излеземе пред секого. И вистина, Св. Јован Бигорски је еден од најстарите и најзнаменити манастири народски, пред сиве задужбиње немањиќски, подигнат и зачуван од едно мало и чисто племе Мијаци.

Белешки Паневи К. Ѓиноски за манастирот Св. Јован Бигорски земени од книгата: „Зборник Панајота Ѓиновскаго из села Галичника (в Дибрах)“

(песни, обичаји и разноличен ситен материјал)

Имат запишано за манастирот Св. Јован само имиња на егумени и монаси, кажувајќи кој од коде је. Али не по некаков ред, токо разбијено и кој знојет по каков случај. Стојит на пр. „После го (манастирот) запустиле Т. (Турци)“, а кога и како је сторено не кажуват, а по неја следуват: „После на 1743 година пак го подновил овја манастир Иларијон јеромонах, тој бил втори ктитор на овја манастир и се сторил егумен. Овја егумен Иларијон бил од село Елевци под Дебор. Се споменуват таке исто, кога и од кого биле изведени, изработени манастирски згради, како конаци (ќелији), трпезарија, маѓерници (кујна) и друго.

Имало нацртани и две надгробни мермерни плочи внотра. В црков се шест ќошиња. За обете постреде је двоглав орел на чија гроди је изрежана 1795 година, а горе над главите по едно колце со ѕвезда внотра и околу со натписи. На еднијот: „Помени Господи раба Велјана папучија, јеромонах хажи Тарасије егумен архижакон Стефан“: а на другијот: „Помени Господи раба својего краја и змека (мисла да је Крста и Змејка) јеромонах качи (требе да јет хажи) Тарасија итн.

Се споменајет иконине и иконостасон, кога биле пишани и од који зуграфи и од коде биле родум.

А за една икона (мисла да је Св. Јованова) запишано је овеја: „Иконата (каква, неизвесно) сама дошла и седела сама 33 години (во 987 г.). Долу пишано беше на неја: „помени господи раба Ивана“.

За галичката црква се велит да је постројена на 1809 год.

(Од книгата „Галичник и Мијаците“ од Риста Огњановиќ – Лоноски, Скопје 2004 г.)