Кичевчанката Бјелиќ втора на натпревар по англиски јазик

Во саботата (23 февруари) во организација на Петтата Приватна Гимназија од Скопје се одржа републички натпревар по англиски јазик за ученици од осмо одделение.

Во конкуренција од 450 ученици, нашата кичевчанка Сандра Бјелиќ под менторство на професорката Славица Блажеска го освои високото второ место! Бјелиќ заостана само еден поен зад првопласираната Драгица Ничевска од Скопје (види целосни резултати).

Сандра Бјелиќ учи во ОУ „Др. Владимир Полежиноски“, а нејзиниот успех е еден во низата на одлични резултати на учениците од ова училиште кои ги постигнуваат во низа низ годините и поттик за останатите ученици да се трудат и да се прикажат во најдобро издание на ваквите натпревари. Честитки!