Бендот Black Velvet се враќа на кичевската сцена
Еден, од своевремено поактивните кичевски бандови, Black Velvet викендов ќе го има својот камбек по две и пол години пауза! Овој петок, 1-ви февруари, ќе настапат во клубот Војаџер и со тоа најавуваат нов циклус во нивното постоење. Ги покануваат сите нивни фанови на повторно дружење!
Black Velvet се формирани на 3 мај 2009 година од поранешни членови на бендовите Рација, Слеп Хоризонт, Wendigo и Mosquito. Во него членуваат: Антонио Лазески-Коњ (вокал), Влатко Николовски-Касап (гитара & вокал), Андреја Ристески – Салпе (гитара), Мартина Калеска (клавијатури), Мирко Никодиноски (бас) и Боро Јованоски (тапани)
Влијание врз нивната музика имаат The Doors, The Cult, Deep Purple, Billy Idol, Van Gogh, Arhangel и Bankrot Blues Band. Првиот деби настап бендот e на мини фестивалот “Battle of the Bands” во 60’s Cafe.
Поврзете се на Facebook: https://www.facebook.com/