Протест и блокада на патот Кичево – Осломеј

273 работници вработени преку „Контакт Бизнис“ во РЕК Осломеј започнаа со блокада на патот Кичево – Осломеј. Се жалат поради ниската плата од 12 000 денари, наместо ветената од 18 000 денари.

Нивните барања се покачување на платата на не помалку од 18 000 денари или решавање на нивниот работен статус. За истата работа вработени во електраната земаат од 35-40 000 денари.

Штрајкувачите велат дека нема да отстапат од нивните барања се до нивно исполнување и дека нема да пропуштаат возила на РЕК Осломеј, додека останатите возила ќе бидат пропуштани.

Exit mobile version