Бочески: Очекувам пеколна пролет

Кичевскиот прволигаш серијата контролни натпревари ја заокружи со седмиот пријателски натпревар , што во неделата го одигра против екипата на Пелистер, на теренот во Струга.

Во серијата контроли што Напредок ги одигра оваа зима, го оствари следниот биланс, ги совлада екипите на Охрид 5:0, Дрита 5:1 и Победа Јуниор 4:3, а беше поразен од прволигашот Силекс со 2:0,од второлигашот Корзо со 1:0 и најубедливо беше поразен од екипата на Ренова со 3:0, со гол разлика од 15:9.Карактеристично е што Напредок сите натпревари ги одигра на неутрален терен во Охрид , М.Брод и Струга.

-Натпреварот со Пелистер беше нашата последна контрола пред почетокот на полу сезоната.Во поголемиот дел од мечот бевме подобра екипа, имавме и повеќе прилики за гол а можевме истиот да го решиме во наша корист. Последната контролка ја искористивме да испробаме некои варијанти, бидејќи во нашата екипа недостасуваа Петрески и Симјаноски и ако се земат во предвид сите фактори, сепак мораме да бидеме задоволни од оствареното.Имавме осцилации на некои натпревари, но тоа е добро што на вакви мечеви излегуваат на површина одредени слабости, кои не треба да ни се повторат во текот на првенството-посочи тренерот на Напредок,Драган Бочески.

Дали сметате дека Вашата екипа е добро подготвена за вториот дел и дали сте во можност да ги повторите есенските резултати, кога освоивте 31 бод и се пласиравте на четвртата позиција на табелата?

-Имавме долги зимски подготовки, кои се надевам дека ни дадоа одговор на многуте прашања и одредени насоки за вториот дел.Седум контролни натпревари е бројка повеќе од доволна квалитено да се воиграме и добо екипирани ја дочекаме пролетната полуетапа.Пролетта ќе биде пеколна, бидејќи бодовите им се прекупотребни на сите екипи, на едни за да обезбедат европски излез,а на други за да се спасат од испаѓање од првата лига.Нашата приоритетна цел е да го одржиме чекорот со водечките екипи во лигата и тука да ја чекаме шансата за прв европски излез, до самиот крај на оваа првенствена сезона -заврши напредоковиот стратег.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk