Божиќна литија во Кичево

Божиќна литија составена од неколку десетини дечиња, празник за очи и душа, ги украси кичевските улици. Оваа традиција, забранета пред неколку децении, вчера повторно се одржа, на денот на Христовото рождество. Најмалото од дечињата имаше само 2 години.

Поворката пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ тргна од православниот храм Свети Апостоли Петар и Павле по кичевските улици. Песната ја вежбале изминатиот месец.  Дечињата носејќи макета која ја симболизираше пештерата во која се родил Исус Христос, посетија повеќе домови каде беа дарувани со традиционалните подароци костенчиња, бонбончиња, ситни парички. Кон поворката со дечињата се приклучи и Влатко Лозаноски кој исто така ја пееше песната „Вечниот Бог“.

Поворката заврши таму и од каде што почна, во црквата Свети Петар и Павле, каде дечињата беа дарувани од свештениците.

         

Повеќе фотографии на Медија Центар

Exit mobile version