Брачен пар повредени во сообраќајка на патот за Гостивар

Брачен пар од Скопје вчера излетале со своето возило “хјундаи” на патот Кичево-Гостивар, информираат од СВР Тетово.

Со возилото управувал Б.К. (34) од Скопје, кој патувал заедно со неговата сопруга С.К. (20). и од непознати причини излетал од патот.

Повредените биле извлечени и транспортирани со итна медицинска помош на скопските клиники.

 

Exit mobile version