Напредок со победа стартуваше во пролетниот дел

Екипата на Напредок однесе значајна победа на гостувањето во Кочани против екипата на штипска Брегалница, минимално, со 1-0. Единстваниот гол го постигна Христијан Димовски во 68 минута.

По оваа победа Напредок е на третата позиција со 34 бодови, 1 бод помалку зад второпласираниот Турново и 6 зад првопласираниот Вардар.

Следниот натпревар Напредок го игра во недела дома против екипата на Работнички. Натпреварот започнува во 14 часот.