Број „96“ (22)
Имаше еден круг, друштво од моќни директори на тогашните работни организации, жареа и палеа во градов. Од кога постои и дур постои веков, на такви како нив сите благодети од дуњава* им се дозволени и достапни.
Престап, голем грев и валкање на комунистичкиот морален интегритет (сите беа членови во Сојузот на комунисти (оти мораа)) би било да се видени да играат, карти, томбола… или комар (не дај Боже)
Е затоа, за нив 5 – 6 мина томболата работеше по нивна потреба и во време ко ќе им се ќефнеше на таквото. Затворена томбола, без присуство на обични смртници, само за нив !!!
„И волкот сит и овците на број“, или “Две убајни одеднаш“ – што ќе рече: Шефот со овие ситни удоволувања добиваше отворена карта да си прави што сака во водењето на томболата (и си правеше), а овие „дрматориве“ во принцип скоро секогаш покажуваа моќ, сила, ексклузивитет пред народецот….
На вакви „ексклузивци“ секако им требаше опслуга и добар викач на томбола кога излегуваат топчињата. Една дузена луѓе (потрошен материјал) се изредија… од нужни квалификации, покрај милозвучниот и продорен глас, требаше да се дискретни, доверливи и… и да се невработени.
„Сиромав чоек, жив ѓаол“ – рекол народот, а невработен човек се ќе стори за парче леб и вработување. Шефот им ветуваше можно вработување кај влијателниве, ако се „покажат“. Последен степен, дострел и работна книшка беше кога шефот при играњето на затворената томбола, од милост ќе им се обрати, целиот насмеан со епитетот: „Компресор, компресор не ти е рамен“. Познавам барем 4 – 5 мина што се вработија по заслуга на компресорлукот.
Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“ |
Ќе поминев покрај, удри на вратата од томболата, затворена нормално и ќе слушнев вика шефот: „ Ти си најпрос Македонец, Турчин“, зависно од националната припадност на викачот и знаев, работа за него кај директориве никогаш, па ни тогаш !
Се подизлажа за вработување и еден блиску со години до мене, тремарош прва класа. Ко ќе играше карти, пред да затвори (ако му се паднеше добра карта) рацете му се тресеа, наплуќа/бронхопневмонија да фатиш од ветерот што му се нишаа картите. „Танаско од .аштани’’ го викавме на некој двојник, ист како него. Сите се „празнеа“ од големите, лошите карти 2 – 3 круга пред, оти се отдаваше самиот дека има добри карти.
Е oвој и ваков „јунак“, потенцијален компресор и КВ (квалификуван работник) се пријави кај шефот да измеќарува*. ……..
– Дете од село, кај седнало пред главниве зверки од градов, ме обрука… раскажуваше после шефот: … „Рацете му се тресеа ко од Алцхајмерова болест/ 10 – 15 топчиња и викна: 96 ….ТРУУУУП, ТРУП НЕЗАКАСТРЕН БЕГАЈ ДОМА, го избркав …. После се знае, никој не го викаше на име, го прекрстија во „96“.
Тој сиротиот од бунило, возбуда наместо број 69 прочитал и го викнал во томболата непостоечкиот 96…
Дуња* од Турскиот јазик = свет, светска заедница …..
Измеќар* од Турскиот јазик = слуга, некој што прислужува ….
Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако