Бубе влезе помеѓу најдобрите 50, Зорчион – шампион во Sepultura drum covers!
Љупчо Стефановски официјално е влезен во првите 50 гитаристи, во конкуренција од над 430 пријавени од целиот свет на натпреварот Guitar Messenger Solo Competition организиран од музичкито веб магазин Guitar Messenger! Натпреварот сеуште трае и најдобриот ќе биде прогласен на 23 мај од страна на судиите!
Неговиот братучед Зоран Стефаноски е прогласен за ШАМПИОН во Sepultura drum covers во конкуренција на тапанари кои конкурирале од целиот свет! Неговиот настап е најгледан и најоценуван. Откако е избран добил голем број на понуди од бендови од целиот свет. Коментарите под неговото видео кажуваат се’. Зоричон е дел од поставата на кичевскиот бенд Melissa.
Guitar Messenger е музички веб магазин посветен на обезбедување на највисок квалитет, интервјуа, лекции, вести тематски осврти кон музичките вештини.
Успехот на двајцата кичевчани е доволен доказ дека Кичево било и е расадник на вонредно квалитетни музичари. Честито и се радуваме на секој ваш успех!