Усвоен буџетот на општина Кичево за 2015 година

Советот на општина Кичево вчера едногласно го усвои буџетот на општината за 2015-та година, кој изнесува 700 милиони денари. Со буџетот се усвоија и програмите за развои во свертата на културата, спортот, социјаната заштита, локалниот економски развои и животната средина.

На седницата пред советниците се обрати градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари кој откако им се заблагодари на советниците за конструктивната соработка во изминатиот период ги повика да го усвојат буџетот за 2015-та година бидејќи, како што рече, оваа година буџетот има развојна компонента, а е изготвен транспарентно.

– Преку пет сесии во рамки на програмата „Форуми во заедницата” организиран од Швајцарската фондација за развој и соработка пришто граѓаните предложија 34 проекти и сите нив ние успеавме да ги вметнеме во буџетот за наредната година, рече Дехари.

Exit mobile version