Чествување по повод 110 години од смртта на Јордан Пиперката

Гробовите и споменикот на Јордан Пиперката, месност „Черешна“, село Велмевци

Во организација на Општината Демир Хисар, на познатиот војвода Јордан Сиљанов Пиперката денеска беше оранизирано достоинствено чествување по повод 110 годишнината од неговата херојска смрт во крвавата пресметка со турскиот аскер на 10-ти август 1903 година на Церско Поле.

По тој повод, висока општинска делегација предводена од претседателот на Советот Кире Ристевски и заменик градоначалникот Надица Пејковска, денеска ги посети сите споменични места во општината.

Свежо цвеќе на споменикот во село Жван

Најпрвин, во селото Жван, на споменикот на Јордан Пиперката и сите загинати илинденци од овој крај, делегацијата положи цвеќе, а потоа го посети селото Брезово – место познато од историјата каде што се случиле важни историски настани од илинденскиот период меѓу кои познатата опсада на Пиперката и неговата чета од страна на турскиот аскер на 14 декември 1902 година, како и родно место на познатите војводи Никола Врба, Костадин Војводата – Капиданот и Сотир Христов Војводата.

Цвеќе пред куќата во село Брезово

Пред спомен плочата на куќата од каде што Пиперката го надмудрил побројниот аскер,

Претседател на совет на општина Демир Хисар полага свежо цвеќе на споменикот во село Велмевци

беше положено цвеќе, а писателот и публицист Ванѓелко Лозановски и уметникот Живко Поповски – Цветин, родум од Брезово, одржаа пригодни беседи за големите револуционерни подвизи на Војводата.

Во присуство на претставници на местната заедница и жители на селото Велмевци, општинската делегација ја посети и месноста Черешна каде што по негова желба е погребан Јордан Пиперката заедно со неговите соборци Ѓорѓи Бошковски од с. Мало Црско, Кузман Тодоровски и Милош Трајковски, двајцата од с. Бабино.

На гробовите и споменикот подигнат во нивна чест, делегации на Општината Демир Хисар и Местната заедница Велмевци положија цвеќе, а младиот историчар Славчо Велјановски одржа историски час за херојските подвизи и револиционерниот пат на Војводата Јордан Силјанов и комитските соборци од неговата чета.

Exit mobile version