Несекојдневен настан во Кичевско: Овца роди четири јагниња

Несекојдневна и убава случка се случи во селото Манастирско Доленци во Кичево. Ден по големиот празник Рождество Христово – Божиќ, во стадото на Гоце Спасеноски една овца објагни четири живи јагниња одеднаш.

Овој досега незабележан случај кај нас привлече внимание. Раѓањето на четирите јагниња меѓу народот се толкува како добар знак за плодна и успешна година. Раѓањето на јагне асоцира на Исусовото раѓање.

Селото Манастирско Доленци се наоѓа во близина на Манастирот Света Богородица Пречиста – Кичевска.