Овој четврток и петок се неработни денови

Ни следи продолжен викенд од дури четири неработни денови. Во четврток, 24 мај е празникот „Св. Кирил и Методиј“ – Ден на сесловенските просветители, неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Во петок, 25 мај, е Духовден, петок пред Духовден, неработен ден за Православните верници во Република Македонија.

Временската прогноза за тој период најавува релативно сончево и топло време со можност за мала нестабилност со врнежи и температура околу 26 степени.

Exit mobile version