Чествување по повод 110 години од смртта на Јордан Пиперката

По повод 110 години од смртта на војводата Јордан Сиљанов Пиперката, градоначалникот и советот на Општина Демир Хисар организираат чествување со кој достојно ќе се одбележи овој датум.

Чествувањето ќе се одржи на 9-ти август со следнава програма:

–         09:30 полагање на цвеќе на споменикот на Јордан Пиперката во село Жван

–         10:15 посета на село Брезово и полагање на свежо цвеќе на споменичните обележја

–         11:00 полагање на цвеќе на гробовите и споменикот на Јордан Пиперката во месноста Черешна кај село Велмевци

Организаторите ги повикуваат сите граѓани да присуствуваат на чествувањата.