Чествување по повод 110 години од смртта на Јордан Пиперката
По повод 110 години од смртта на војводата Јордан Сиљанов Пиперката, градоначалникот и советот на Општина Демир Хисар организираат чествување со кој достојно ќе се одбележи овој датум.
Чествувањето ќе се одржи на 9-ти август со следнава програма:
– 09:30 полагање на цвеќе на споменикот на Јордан Пиперката во село Жван
– 10:15 посета на село Брезово и полагање на свежо цвеќе на споменичните обележја
– 11:00 полагање на цвеќе на гробовите и споменикот на Јордан Пиперката во месноста Черешна кај село Велмевци
Организаторите ги повикуваат сите граѓани да присуствуваат на чествувањата.