Ако имав пенкало директоре, јас ќе бидам таму, а ти овде (44)

Постојат моменти кога ја проколнуваш професијата, занаетот што е предмет на сопствената работа и егзистенција. Многу анегдоти раскажани за односот директор како надреден и работникот како подреден:
… Пуштил брада и веднаш на „рибање“ кај директорот: … „Зошто си пуштил брада ?! / Си му прам сенка на долниов … Нема што да му се прави и пусул дека е малку ретардиран и работно место не за секој, со молив од 1,5 m (метла).

… Доаѓа правникот кај возачот со хитна потреба да одат до општина „на 5 минути“. Во меѓувреме и директорот имал потреба од службената кола. Ај 5, ај 10 се сторил половина час и повеќе. И конечно се враќаат, а директорот со дрвја и камења (нормално) по шоферот: … „Кај си до сега, колава е прво за мене, па после за други, Уште еднаш вака и ќе леташ за чувар “ Страв пусти и одма оправдување: … „Директоре отсем тебе од денеска, никого друг не .баам“/ Каако ? / Од денеска отсем тебе никого поќе не .баам …повторил шоферот. Оди разбери што мислел шоферот, дали дека друг повеќе не качува или …

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

… Шофер на директор од најмоќната фирма во Кичево. Измислена посета од директорот на ЕИ – Ниш (Електронска индустрија) со план, ем дебело кркало, ем на одење еден телевизор во боја. Нагостени ко амбари, директорот на ЕИ пред тргнување му дал едно пусулче со негов печат и потпис на шоферов наш и му рекол да оди до главниот магацин за готови производи. Радознал пустиот да види што врска има ЕИ со нашава фирма, ѕирнал, а внатре напишано: … „Дајте возачу 1 телевизор у боји“. Молскавична реакција на грабливец, па додека одел до магацинот, додал со пенкало каде што пишувало 1 + 1 телевизор. Се враќаат приквечерта дома пред директоровата куќа и нормално го отвара гепекот од колата за да му го однеси телевизорот на директорот до кај што треба. … „Од каде 2 телевизори ?!! … прашал директорот / Ами и децана мои сироти нека гледат телевизија во боја директоре“ !!!

На сиротиња во верскине книги убаво пишува дека било арам да му го земиш лебот (телевизорот).

… Ситен дожд од оној што продира в коски, пукнала задна десна гума од кај совозачот, а камиончето полно со алкохол. Нема бегање мора да се смени гумата. Чадор никаде, врти сучи излегол шоферот да ја менува гумата. Едно време се подотворила вратата од совозачот, колку 2 cm (да не се оросит шеќерниот) и заповеднички глас: … „Виде ! ај види дај ми пенкало, моево престана на средина од крстозборов ! / АКО ИМАВ ПЕНКАЛО ДИРЕКТОРЕ, ЈА ЌЕ БЕВ ТАМО А ТИ ОВДЕ …

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

кичевонастаниМарјан Стојаноски Маковистинити случкимајтапинамќорлоцинаравоученијаАко појдам во Чаршија