Ако имав пенкало директоре, јас ќе бидам таму, а ти овде (44)

Постојат моменти кога ја проколнуваш професијата, занаетот што е предмет на сопствената работа и егзистенција. Многу анегдоти раскажани за односот директор како надреден и работникот како подреден:
…. Пуштил брада и веднаш на „рибање“ кај директорот: …. „Зошто си пуштил брада ?! / Си му прам сенка на долниов …… Нема што да му се прави и пусул дека е малку ретардиран и работно место не за секој, со молив од 1,5 m (метла).

… Доаѓа правникот кај возачот со хитна потреба да одат до општина „на 5 минути“. Во меѓувреме и директорот имал потреба од службената кола. Ај 5, ај 10 се сторил половина час и повеќе. И конечно се враќаат, а директорот со дрвја и камења (нормално) по шоферот: …. „Кај си до сега, колава е прво за мене, па после за други, Уште еднаш вака и ќе леташ за чувар “ Страв пусти и одма оправдување: …. „Директоре отсем тебе од денеска, никого друг не .баам“/ Каако ? / Од денеска отсем тебе никого поќе не .баам …повторил шоферот. Оди разбери што мислел шоферот, дали дека друг повеќе не качува или ……

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

… Шофер на директор од најмоќната фирма во Кичево. Измислена посета од директорот на ЕИ – Ниш (Електронска индустрија) со план, ем дебело кркало, ем на одење еден телевизор во боја. Нагостени ко амбари, директорот на ЕИ пред тргнување му дал едно пусулче со негов печат и потпис на шоферов наш и му рекол да оди до главниот магацин за готови производи. Радознал пустиот да види што врска има ЕИ со нашава фирма, ѕирнал, а внатре напишано: … „Дајте возачу 1 телевизор у боји“. Молскавична реакција на грабливец, па додека одел до магацинот, додал со пенкало каде што пишувало 1 + 1 телевизор. Се враќаат приквечерта дома пред директоровата куќа и нормално го отвара гепекот од колата за да му го однеси телевизорот на директорот до кај што треба. … „Од каде 2 телевизори ?!! … прашал директорот / Ами и децана мои сироти нека гледат телевизија во боја директоре“ !!!

На сиротиња во верскине книги убаво пишува дека било арам да му го земиш лебот (телевизорот).

…. Ситен дожд од оној што продира в коски, пукнала задна десна гума од кај совозачот, а камиончето полно со алкохол. Нема бегање мора да се смени гумата. Чадор никаде, врти сучи излегол шоферот да ја менува гумата. Едно време се подотворила вратата од совозачот, колку 2 cm (да не се оросит шеќерниот) и заповеднички глас: …. „Виде ! ај види дај ми пенкало, моево престана на средина од крстозборов ! / АКО ИМАВ ПЕНКАЛО ДИРЕКТОРЕ, ЈА ЌЕ БЕВ ТАМО А ТИ ОВДЕ …….

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако