Крводарителска акција – “Заедно да спасиме нечиј живот”

На ден 08.10.2014 година во просториите на Регионалниот центар за управување со кризи – Кичево се реализира  Акција за дарување на крв.  Акцијата ја организира РЦУК – Кичево во соработка со ОО Црвен Крст – Кичево и Институтот за трансфузиона медицина. Акцијата се спроведе по повод  деветгодишнината од  формирањето  на  Центарот за управување со кризи,  под мотото: „Заедно да спасиме нечиј живот!“

Во предвидениот временски период во неа доброволно се вклучија вработените од ПО РЦУК Кичево, но масовно се одзваа  други  хумани  граѓани.

Раководителот на ПО РЦУК Кичево, Сузана Тасевска, порача : „Секој ден не можеш да спасиш нечиј живот. Но тоа може да стане твое трајно искуство ако почнеш да даруваш крв. Секој ден стотици луѓе имаат потреба од трансфузија на крв. Човечката крв не може да се произведе или замени и затоа да даруваш крв е навистина нешто посебно!“

По истиот повод , ПО РЦУК Кичево во координирана активност со останатите субјекти кои се сместени во објектот каде се наоѓаат просторите на РЦУК,  организира активност за расчистување и разубавување на дворното место.

Exit mobile version