Дајте им две топки!!! (36)

19-ти Мај 1976 год. Градски стадион Кичево. Пријателски фудбалски натпревар Напредок – Вардар(Скопје) Повеќе фотографии: Кичево низ времето

Вродениот простотилок, понекогаш не го лечи ниту работата на влијателно место.

Тазе дојден од селата во околните градови и како по непишано правило во нашиот град, дојденците поербапи, поставен за началник на …….. Интересот на спортските екипи отсекогаш бил во управата и за претседател да биде локален моќник, оти тој може да штити, да одобрува средства, да пронаоѓа пријатели во другите клубови (ако затреба), а треба стално.

По директива поставен за претседател, ама од фудбал разбирање ни Ф. Виделе овие од околу „колку е сатот“ па решиле да го „описменат“. На тренинзи, во разговори „форсирале муабет“ за фудбалот, правилата ……..
„Дошло време, ѓавол да го земе“ ….прва првенствена утакмица во сезоната, цел стадион полн и нормално почесно место за управата со клупи до нашите фудбалери.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Почеток, топката де кај едните, де кај другите, што би рекол покојниот коментатор Ивко Панговски, -„Еве ти го она нашето дај ми го, нати го“ и како што се разгорувала битката на теренот, за гол, за топката, еве ти го „нашиот“ со „целосно апсолвирано знаење за фудбалот“, скокнал од клупа и со цел глас извикал:

– „ШТО НЕ ИМ ФРЛИТЕ ДВЕ ТОПКИ, СЕ ИСТЕПАА ЛУЃЕТО ПО ЕДНАВА“

…. прикриено кикотење од трибината со публика зад него, чунки началник бил …….. и толку од забрзаниот курс „Запознавање со основите на фудбалот“ .

Ербап – од Турскиот јазик = вешт, способен, снаодлив …….

Чунки – од Турскиот јазик = затоа што.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Exit mobile version