Дали конечно ќе се санира железничката станица Кичево?

Кровот прокиснува на повеќе места,се рушат делови од ѕидовите кои се вистинска закана за патниците,електрични кабли висат на сите страни,прозорците се искршени,вецеата едвај да ги задоволуваат минималните потреби,а чекалната незагреана и со минимални услови да одговори на своите потреби .Со објектот стопанисуваат МЖ,компанија која се наоѓа во државна сопственост, од каде најавуваат конечно да започне санацијата на објектот и враќање на стариот сјај.

– Со програмата на владата, во периодот 2013-15 треба да се реконструираат сите објекти кои се наоѓаат на железничката линија Скопје- Кичево. Така што покрај железничките станици ќе бидат обновени магацините и сите згради кои се сопственост на компанијата.Очекуваме во наредните две години најавената програма да биде целосно имплементирана.И ние самите не сме задоволни од моменталната состојба на нашите објекти и  се надеваме дека оваа слика конечно ќе се промени, ќе се санира кровот , заменат искршените стакла,целосно ќе се реновира санитарниот јазол и се што е оштетно во изминатиот период ќе биде вратено во првобитната состојба – рече раководителот на железничката станица Кичево, Фарија Јусуфи.

Инаку програмата на владата најпрво ги опфати објектите од коридорот 10, кои во најголем дел се реконструирани а во оваа фаза ќе бидат целосно опфатени објектите од коридорот 8. Во рамките на станицата работат две билетарници на автопревозници , кои за просторот плаќаат ќирија.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Exit mobile version