Кичевчанец постигна голем успех на натпреварот „Philip Jessup“
Кичевчанецот Дарко Стојаноски заедно со својот тим од правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, постигнаа огромен успех на најстариот и најголемиот moot court натпревар по меѓународно јавно право во светот – Philip C. Jessup.
Куриозитет на овогодинешниот натпревар беше, досега, најголемиот број на пријавени екипи, над 700. Во ваква конкуренција, тимот на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ ја освои наградата за ’Најдобар нов тим за 2018 година’ и се пласира на 73-то место, односно, во првите десеттина проценти најдобри екипи на завршната ранг-листа, со две победи од четирите остварени натпревари со извонредно силни екипи. Со овој пласман, тие се најдобро рангиран тим од Универзитет од регионот на Југоисточна Европа.
Тимот на Правниот факултет го сочинуваа тројца студенти од мастер студиите по меѓународно право и односи и право на ЕУ – Дарко Стојаноски, Симона Шекерова и Андреј Стојковиќ и , и еден студент на докторските студии по меѓународно право – м-р. Љупчо Стојковски, а беше под раководство и менторство на проф. д-р. Сашо Георгиевски.
Меѓународниот натпревар Philip C. Jessup, кој веќе 59 години по ред се оддржува во Вашингтон, претставува симулација на случај помеѓу две држави пред Меѓународниот Суд на Правдата.