Дечиња од Осломеј заминаа на Пелистер

Триесет деца од школска возраст од општина Осломеј денеска заминаа на одмор во детското одморалиште „Пелистер“ кај Битола во рамки на програмата за рехабилитација на Министерството за екологија.Градоначалникот на Осломеј Фатмир Дехари по овој повод истакна дека како општина четврта година по ред, испраќаат триесет деца на одмор претежно од социјално загрозените семејства, кои ќе престојуваат на рехабилитација во наредните седум дена.

– Денеска со децата замина и тројца наставници кои ќе се грижат за децата за време на престојот на одморалиштето, информира меѓу другото градоначалникот Дехари.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.