Демант на текстот „Спасени браќата од Кичево во снежната блокада кај Орлов камен“

Со реакција за текстот „Спасени браќата од Кичево во снежната блокада кај Орлов камен“  пиша Лазе Костадиноски.

– „Приказната“ е сосема поинаква од објавената. Не е убаво нити човечки на нечија мака, а од други завршена работа да се припишат како свои. Не ни се потребни ни благодарности нити награди. Ние двајца тргнавме да ги спасиме нашите пријатели и ги спасивме (со помош на Господ). Спасителите се на сликата – реагира Костадиноски.

Костадиноски во прилог испрати и фотографија на која се гледаат луѓето кои учествувале во акцијата.

Како што веќе беше објавено, двајца жители на Кичево преживеале вистинска драма отако завчера по снежно невреме тргнале од селото Ехлоец пеш кон село Извор и останале заробени во длабокиот снег. По осумчасовна неизвесна борба со снегот висок повеќе од еден метар се вратиле дома. Според изјава на Драгољуб Попоски од ДСЗ Кичево, операцијата била изведена во координација на ДСЗ Кичево, општина Другово и конфекцијата Кимико од село Извор. На тоа следеше овој демант.

Се извинуваме доколку сме придонеле за било какво недоразбирање. Најважно е што целата драма завршила со среќен крај.

Exit mobile version