Денот на ослободувањето на Кичево се одбележува без поголеми свечености

Големиот  историски датум , 70 години од првото ослободување, Кичево ќе го прослави поскромно од големината на самиот јубилеј, без соодветна програма  и богатство на содржини.
И покрај немањето на соодветна програма  организирана од страна на локалната власт, сепак делегации на политичките партии од градот и Сојузот на борците од времето на НОВ, во текот на претпладнето ќе ја посетат Спомен костурницата во Китиното Кале, каде ќе положат букети свежо цвеќе,  на местото каде се наоѓа криптата со коските на 550 борци, загинати во оваа војна. Инаку Кичево дури во пет наврати било ослободувано во времето на НОВ. На овој датум воедно се бележат и првоослободените територии во Македонија во времето на НОВ, што на овој датум му дава многу пошироко значење.
Зоран Антоски
Exit mobile version