Отворени денови на кариера во Кичево

Во рамки на проектот „Поттикнување на социјалната инклузија и инклузивен пазар на труд“ денеска во Кичево ќе се одржат „Отворени денови на кариера“.

Целта е да се промовира и унапреди соработката и комуникацијата помеѓу клучните страни вклучени во процесот на интеграција на маргинализираните лица на пазарот на трудот.

Настанот е организиран во форма на саем за вработување на кој сите вклучени страни ќе имаат простор да се промовираат, да дебатираат за најосетливите теми и проблеми со кои се соочуваат. Освен дискусијата, претставници на ранливи категории, социјално исклучени ќе можат директно да разговараат со претставниците на повеќе фирми и претпријатија и директно од нив да се информираат за потребите од работна сила, потребните квалификации, условите за вработување, како и на каков начин поефикасно да пристапат кон процесот на вработување.

Проектот има за цел да ги зајакне институционалните капацитети во Македонија во насока на подобрување на дизајнот и реализацијата на постоечките социјално-инклузивни политики преку јакнење на капацитетите на релевантните чинители, како и да промовира мултисекторска и интер-институционална соработка.

Отворени денови на кариера во нардните три дена ќе се одржат во Охрид, Прилеп и Кочани.

Exit mobile version