Димитроски му донесе триумф на Пелистер за нова прволигашка сезона

Пелистер слави во Кичево по триумфот над Скопје во баражот

Екипата на Пелистер го победи со 1:0 составот на Скопје и бараж мечот што попладнево се одигра на градскиот стадион во Кичево го реши во своја корист, за нова прволигашка сезона на битолските зелени.

Голот на одлука го постигна ветеранот Драганчо Димитроски, кој во 67 минута со манир на расен стрелец ја затресе мрежата на Скопје, и тоабеше вистинска експлозија на радост меѓу многубројните битолски навивачи.

Покрај единствениот гол битолскот прволиогаш можеше уште во неколку наврати да ја затресе мрежата на Скопје и со многу поубедлива победа  да го заврши овој натпревар.

Скопскиот второлигаш загуби уште еден е бараж меч и до година ќе се натпреварува во втората фудбалска лига. Инаку мечот во Кичево се одигра во извонреден фудбалски амбиент пред повеќе од 3000 гледачи, меѓу кои  беа и повеќе познати спортски работници Истатов, Јованоски, Цветаноски  и др, но и пред силно полициско обезбедување за да се спречи некој несакан инцидент.

Зоран Антоски

Exit mobile version