Нов кодош во Кичево

Комисијата за верификација на фактите вчера пронајде и лустрира уште еден кодош во Кичево.

Станува збор за поранешен директор на едно од училиштата во Кичевско кој бил ангажиран како оперативна врска и информатор констулант во периодот од 1990 до 1998 година. Директорот соработувал во периодот на плурализмот, земал и пари за своите услуги, а следел албански националисти.

Неговото име и досие деновиве ќе се објават на страницата на Комисијата за верификација на фактите http://www.kvf.org.mk. Претходно оваа комисија утврди дека поранешниот судија во Основниот суд во Кичево, Драги Билески бил соработник на тајните служби.