Кичевчанецот DJ Robotnix ќе настапи на „Скопје Креатива“

Никола Илиевски или попознат како DJ Robotnix ќе настапи со свој сет на овогодинешното издание на Фестивалот на креативни индустрии „Скопје креатива“ – Погледни подалеку.

Неговиот сет започнува во 21 часот во петок во Универзалната сала.

Скопје креатива се одржува по втор пат. Оваа година ќе има бројни работилници, изложби на уникатни дизајни создавани во нашата метропола и Македонија,ексклузивно претставување на првата македонска компјутерска игра, многу музика, забава и дегустација на различна храна и пијалоци се дел од годинешната програма.