Стружани со единствен кандидат Македонец за градоначалник

Стружани го кандидираа угледниот хирург Др. Владо Кочоски за кандидат за градоначалник на Струга.

Доктор Владо Кочоски роден 1961 година, хирург по професија, ќе биде кандидат за градоначалник на Струга од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа одлука вчеравечер ја донел извршниот комитет на партијата. Тој е единствениот кандидат Македонец за градоначалник на Струга.

Интересно е што со поддршка зад него индиректно застанале и од СДСМ кои изјавија дека биле согласни да го поддржат.

Струга и Кичево беа двете општини за кои со законот за територијална поделба во 2004 година се донесе одлука за припојување на неколку рурални општини. За Кичево оваа одлука стапува на сила токму на овие избори, додека за Струга истата беше применета уште во 2005 година.