Експертите хералдичари го исцртаа предлогот за државен грб на Република Македонија

Предлогот за изгледот на новиот државен грб е на Здружението на хералдичари. Истиот е направен како резултат на експерти за грбови кои доста истражувале за оваа тема. Република дојде до верзијата која ја нацртал уметник, а врз нејзина основа се направи векторизација (компјутерската варијанта).

Новиот државен грб на Македонија ќе биде црвен лав во златно – жолт штит со круна во горниот дел, како и мурална круна во облик на тврдина.  Златно – жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата. Дизајнот на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија.

Владата денеска го усвои нацрт- законот за нов државен грб. За да се промени симболот потребна е измена на Уставот, односно двотретинско и бадентерово мнозинство. Од Владата додаваат дека со новиот државен грб ќе се постигне поголема обединетост на граѓаните заради елементите кои се содржани во него.

Exit mobile version