Фатмир Дехари и официјално кандидат за градоначалник на Кичево од ДУИ

ДУИ ги отвори картите за Кичево. Како што и се шпекулираше неколку месеци, од вчера и официјално сегашниот градоначалник на Осломеј ќе биде кандидат на ДУИ за градоначалник на Кичево.

Според она што е наведено во неговата биографија, Дехари е роден е на 17.09.1974 во Кичево.  Основното образование го има завршено во село Србица – општина Осломеј, а средното образование во Елбасан, Република Албанија. Дипломирал на факултетот за физичко воспитание при Универзитетот во Приштина.

Во изминатиот период ја извршувал функцијата заменик министер во МВР како и заменик директор во ДБК. Пред стапување на избраната функција градоначалник на општина Осломеј (2009)  ја вршел функцијата директор на ЈП Македонски пошти ПЕ Кичево. Има делумно познавање на француски и англиски јазик.

Дехари своевремено бил и висок функционер во паравоената УЧК.

Во ДУИ вчера на состанок на централното претседателство ги официјализира кандидатурите за градоначалници и на останатите општини за престојните локални избори во март.

Exit mobile version